Селекторот на српската репрезентација, Драган Стојковиќ-Пикси денеска го објави конечниот список за дуелите кој неговата репрезентација ќе ги игра со Шпанија и Данска во Лигата на Нации.
Во изминатите два дена на Пикси му откажаа некои од најголемите ѕвезди во селекцијата: Влаховиќ, Митровиќ и Милинковиќ-Савиќ, па сега без нив ќе мора да ги стартува квалификациите во Лигата на Нации.
Влаховиќ преку социјалните мрежи објави дека нема да биде на овој собир поради „семејни причини“, додека за Митровиќ и Савиќ официјалните информации се дека се повреден. Сепак, чудно е што тие пред само два дена без никаква повреда одиграа 90 минути за Ал Хилал.
Како и да е Пикси остана без нив, а на списокот интересно има повеќе голмани (четири) отколку класични напаѓачи (четири).
Против Шпанија, Србија ќе игра на 5 септември во Белград, додека три дена подоцна Србите ќе се соочат со Данска во Копенхаген.
ГОЛМАНИ
Предраг Рајковиќ (Ал Итихад), Ѓорѓе Петровиќ (Челзи), Александар Јовановиќ (Партизан), Марко Илиќ (Црвена звезда).
ОДБРАНА
Страхиња Павловиќ (Милан), Никола Миленковиќ (Нотингем Форест), Срѓан Бабиќ (Спартак Москва), Страхиња Ераковиќ (Зенит), Милош Вељковиќ (Вердер Бремен), Јан Карло Симиќ (Андерлехт), Коста Недељковиќ (Астон Вила), РБ Салцбург).
СРЕДЕН РЕД:
Саша Лукиќ (Фулам), Иван Илиќ (Торино), Немања Максимовиќ (Панатинаикос)
Кристијан Белиќ (АЗ Алкмар), Марко Грујиќ (Порто), Лазар Самарџиќ (Аталанта), Милан Алексиќ (Раднички 1923), Андрија Живковиќ (ПАОК), Вељко Бирманчевиќ (Спарта Прага), Стефан Митровиќ (Верона).
НАПАД
Лука Јовиќ (Милан), Петар Ратков (РБ Салцбург), Михаило Ивановиќ (Војводина).