290
Репрезентацијата на Англија во еден драматичен натпревар славеше победа против Словачка од 2:1 по продолженија на Европското првенство.
Словачка прва дојде до водство со голот на Шранз по 25 минути игра и имаше предност се до завршницата. Тогаш во петтата минута од судиското продолжение Џуд Белингем со „ножички“ ја погоди противничката мрежа и донесе изедначување.
Така најголемиот фаворит според обложувалниците се спаси од елиминација, подоцна во продолжението Кејн ја обезбеди победата.
Манчестер Сити преку своите официјални канали им ја честиташе победата на своите фудбалери кои играат во Англија, но и во Португалија која подоцна ја совлада Грузија. Сепак во објавата направија и една географска грешка.