360
Репрезентацијата на Белгија беше поразена од Словачка во првото коло од групата „Е“, а во овој натпревар видовме и како ВАР му поништи два гола на Ромелу Лукаку.
При поништениот втор гол во акцијата на Луис Опенда за првпат се покажа и новата функција со која беше проверен допирот со рака на напаѓачот.
Топката дизајнирана од „Адидас“ со која се игра Европското првенство во себе има детектор кој го следи секој допир и податоците се испишуваат во облик на линија. Станува збор за нешто слично на „ЕКГ“, а гледачите имаа можност да го видат и во преносот.
Обложувај се онлајн на натпреварите од ЕП на Моцарт и добиј бонус до 400 евра, регистрирај се ТУКА.