Како што пренесува Марка, Барселона и Најк ги пеглаат деталите за нова 10 годишна соработка вредна околу 140 милиони евра по сезона.
Барселона овој месец треба да ги финишира преговорите со Најк за нов договор според кој американската компанија ќе ги прави дресовите на „каталонците“ и во следните 10 години.
Како што пренесува Марка, начелно е постигнат договор и сега се пеглаат деталите.
Накј ќе треба да плаќа околу 140 милиони евра по сезона, но останува да се види колкава сума ќе биде префрлена веднаш како бонус за потпис, и колку ќе се префрла секоја сезона.
Се верува дека компромис ќе биде пронајден со сума од 150 милиони како бонус, како и исплата од 125 милиони евра секоја сезона во наредните 10 години.
Бонусот за потпис и е многу важен на Барселона бидејќи во билансите за сезоната 2023/24 има загуба од 91 милиони евра поради тоа што не пристигнаа на време парите од продажбата на „Барса Вижон“.