Фудбалерите на Милан одиграа нерешени 3-3 против Џенова во натпревар од Серија А. „Росонерите“ двапати губеа, меѓутоа направија пресврт, а на крајот одиграа реми.
На овој натпревар на „Сан Сиро“ најжестоките навивачи на Милан упатија протест кон управата. Популарните „Курва Суд“ на целиот натпревар не навиваа, не истакнуваа знамиња и транспаренти со обележјата на клубот, а испратија и друга порака.
Во последните десет минути, иако Милан водеше со 2-3 најверните навивачи ја испразнија својата трибина каде што редовно ги бодрат своите пулени. Протестите беа упатени до управата, а се однесуваат до изборот на нов тренер. Најжестоките навивачи сакаат да им посочат на челниците дека мора да се избере перспективен тренер со кој ќе се бркаат трофеи.