Најдобриот фудбалер на СП 2010 дебитираше во професионалниот тенис (ВИДЕО)

by 24 фудбал
1 минути читање

Уругвајската фудбалска легенда Диего Форлан го имаше своето професионално деби, ама во нов спорт.

45-годишниот поранешен голгетер кој своевремено беше најдобар играч на Светското првенство во 2010 година во Јужна Африка конечно заигра професионален тенис. Тој и досега настапуваше на турнири во родната земја, ама сега се најде на турнир во организација на АТП и тоа во својот Монтевидео.

Форлан играше во пар со Федерико Корија, но тие двајца загубија уште во првото коло од Ариас и Себаљос од Боливија (2-0). Интересно е дека во тенисот посилна му е левата рака, додека на фудбалските терени беше изразит деснак.

Во својата фудбалска кариера Диего Форлан тргна преку Индепендиенте, па играше за Манчестер Јунајтед, Виљареал, Интер, Интернационал, Черезо Осака, Пењарол, Мумбаи Сити и Киче, додека најголем успех имаше од 2007 до 2011 кога беше дел од Атлетико Мадрид. За репрезентацијата на Уругвај одигра 112 натпревари и даде 36 гола, водејќи ја земјата до бронзата на Мундијалот пред 14 години.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани