Најдобриот голман на Европското првенство до овој момент, Георги Мамардашвили ќе биде еден од главните актери и во летниот преоден рок.
Одличниот грузиски чувар на мрежата блескаше во сите четири натпревари на својот национален тим и оствари најмногу одбрани на првенството. Интерес за грузискиот голман имаше и пред турнирот, а истиот сега само се зголемил.
Како клуб кој можеби важи за фаворит да го доведе се споменуваше Баерн, Минхен сепак Мамарадшвили порача дека нема да се пресели во Баерн.
Грузиецот е свесен дека во Минхен неприкосновен е Мануел Ноер и не сака да биде резерва во период кога брани во најдобрата форма во кариерата.
„Баерн и понатаму го има најдобриот голман во светот и во овој момент не е можно да одам таму. Ќе одам во клуб каде што ќе играм, ако немам таква опција трансферот нема да се случи“, изјави Мамардашвили.
Ќе потсетиме, Валенсија веќе го ангажираше македонскиот голман Столе Димитриевски, па затоа се очекува Мамарадшвили да замине ова лето.