Најголемиот словенечки стадион зјае празен, прволигашки меч го гледаа 33 фанови!

by 24 фудбал
0 минути читање

Едноставно дел од клубовите на Балканот немаат голема публика, а тоа најдобро се виде во словенечката Прва лига.

Натпреварот меѓу Браво и Радомље на најголемиот стадион во оваа земја „Стожице“ во Љубљана се одигра пред празни трибини. Поточно, не беа целосно празни, туку според информациите од Словенија имаше вкупно 33 навивачи дојдени да го гледаат мечот.

Капацитетот на стадионот „Стожице“ е 16.000 седишта, ама ниту најмал дел од него не беше пополнет за оваа средба.

Често вакви слични случаи има и во Македонија кога на трибините има навивачи што може да се избројат на прсти…

Можно е и ова да ти се допаѓа

×