Аргентинската фудбалска икона Лионел Меси веројатно своето последно поглавје од кариерата го има во Интер Мајами во МЛС лигата. Претходно тој играше за ПСЖ и Барселона, а потекнува од Њуелс Олд Бојс во родната земја.
Дел од биографската приказна за тренерот Пеп Гвардиола со кој Меси соработуваше во Барселона откри интересна приказна, за која медиумите ја нарекоа „најголемата тајна на Аргентинецот“. Доколку наводите се вистинити, во 2020 година во куќата на Пеп Гвардиола имало состанок меѓу шпанскиот стратег и Меси.
Наводно Меси изразил желба за повторно обединување и тоа во Манчестер Сити. Сепак, според напишаното во биографијата „God save Pep“ од Марти Перарнау, се пишува дека Гвардиола му удрил „корпа“ на Аргентинецот.
Потоа Лео Меси замина од Барса, но се пресели во редовите на ПСЖ.