Предводникот на Грузија, Вили Сањол успеа да направи нешто кое не им успеа на многу повеќе платени селектори од него на Европското првенство.
Францускиот селектори бележи историски резултати и откако ја одведе Грузија прво до дебитантското учество на Европското првенство, сега со победта против Португалија избори осминафинале.
За Грузија победата против Португалија беше прва на Европските првенства, меѓутоа доволна да се испише историја. Во осминафиналето ги чека Шпанија.
Грузија го има најдобриот голман на Европското првенство (Мамардашвили со 20 одбрани) и најдобриот голгетер (Жорж Микаутадѕе кој постигна три гола).
Селекторот Вили Сањол според платата беше на дното од селекторите на земјите кои учествуваа на Европското првенство. Сањол од Грузија добивса 200.000 евра годишно, додека на врвот е Герет Саутгејт со над пет милиони евра годишно.
Пред да стане селектор на Грузија, Сањол ги водеше француските репрезентации до 20 и 21 година, две години седеше на клупата на Бордо, а рабптеше и како помошник на Анчелоти во Баерн во 2017 година.