Најбрзиот фудбалер на ЕП е изненадување, Мбапе дури осми на листата

by Стефан
1 минути читање

На Европското првенство полека влегуваме во завршницата од групната фаза по што ќе следат возбудувањата во нокаут фазата, а сега е објавено и кој е најбрз фудбалер до овој момент.

За изненадување најбрзиот спринт на првенството го имал романскиот репрезентативец, Валентин Михаила кој достигнал брзина од 35.8 километри на час. Веднаш зад него е фудбалерот на Швајцарија Дан Н’Доје со 35.6 км/ч.

Третото место му припадна на Данецот, Расмус Хојлунд кој истрча 35.5 км/ч. На листата е изненадување и што Килијан Мбапе се најде на дури осмото место со брзина од точно 35 км/ч.

ТОП 10 НАЈБРЗИ ФУДБАЛЕРИ НА ЕВРОПСКОТО ПРВЕНСТВО

1. Валентин Михаила (Романија) – 35,8 км/ч;

2. Дан Ндоје (Швајцарија) – 35,6 км/ч;

3. Расмус Хојлунд (Данска) – 35,5 км/ч;

4. Рафаел Леао (Португалија) – 35,4 км/ч;

5. Џереми Фримпонг (Холандија) – 35,2 км/ч;

6. Нуно Мендеш (Португалија) – 35,1 км/ч;

7. Киран Тирни (Шкотска) – 35 км/ч;

8. Килијан Мбапе (Франција) – 35 км/ч;

9. Михаил Мудрик (Украина) – 34,9 км/ч;

10. Кајл Вокер (Англија) – 34.8 км/ч

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани