69
Начо ја исклучи можноста да се врати во Реал Мадрид ако биде повикан од клубот како решение за дефанзивната криза.
Реал мака мачи со повредени фудбалери и големи се шансите во јануари да реагира на пазарот и да купи некој дефанзивец.
„Никој од Реал Мадрид не ми се јавил. Дури и да ми се јават, нема да се вратам. Мојата одлука беше јасна, моето поглавје таму е завршено. Многу сум среќен во Саудиска Арабија, мојот фокус е тука“, рече Начо.