Ситуацијата на Виктор Осимен е сложена, таа му задава главоболки и на Лукаку кој го чека расплетот на овој трансфер за да потпише за Наполи.
Осимен сака да си оди од Наполи, а италијанскиот клуб сака да го продаде. Но, проблем во целата ситуација се парите.
Напаѓачот има откупна клаузула од 120/130 милиони евра и тоа е сумата по која Наполи сака и се надева дека ќе го продаде.
ПСЖ е најзагреан за Осимен, но немаат намера да дадат повеќе од 80 милиони евра за да го добијат.
Осимен би можел да разгледа и понуди од Саудиска Арабија, но ниту тие не би ја понудиле сумата која ја бара Наполи.
Во меѓувреме Ромелу Лукаку го чека развојот на настаните, Наполи сака да го потпише белгискиот напаѓач, но за тоа да се случи треба прво да се ослободат од Осимен.