Наполи се уште не добил понуда за нивниот напаѓач Виктор Осимен, ниту еден клуб не е подготвен да ја плати сумата која тие ја бараат.
Актуелниот договор на Осимен со Наполи трае до летото 2026 година. Во него има откупна клаузула која се верува дека е околу 120-130 милиони евра.
Тоа е сумата за која Наполи се надева дека ќе го продаде ова лето. Но и покрај тоа што Осимен се поврзуваше со Челси, Манчестер јунајтед и ПСЖ, понуда нема од никој.
Ова создава проблем во плановите на Антонио Конте бидејќи сумата од продажбата на Осимен треба да се искористи за други трансфер цели. Една од нив е Ромелу Лукаку.
Претседателот на Наполи, Аурелио Де Лаурентис ќе седне на состанок со спортскиот директор Џовани Мана и агентите на Осимен, па заедно ќе ги договорат следните чекори. Една од опциите е намалување на неговата цена.