167
Наполи договори капитално засилување за средниот ред и тоа од редовите на Манчестер Јунајтед.
Пред преселба во Неапол е Скот МекТоминеј. Играчот за врска кој потекнува од школата на „црвените ѓаволи“ прифати трансфер во Италија. За неговите услуги Наполи ќе плати околу 30 милиони евра, но Јунајтед ќе задржи право и на одреден процент од следен трансфер.
Шкотланѓанецот е „план Б“ за Наполи, откако претходно клубот не успеа да го договори Били Гилмур од Брајтон.
Скот МекТоминеј целата своја кариера ја мина во Манчестер Јунајтед, во 2017 дебитираше во првиот тим, а често е оспоруван и критикуван.