Напаѓач од Брегот на Слоновата Коска потпиша за Шкендија

by Стефан
1 минути читање

Поранешниот македонскиот шампион, Шкендија се засили со 29-годишниот напаѓач од Брегот на Слоновата Коска, Дауда Карамоко Бамба.

Во редовите на тетовскиот клуб Бамба доаѓа од Умранијеспор каде што ја помина последната сезона во која одигра само три натпревари во кои собра вкупно 182 минути.

„Среќен сум што доаѓам тука. Кога пристигна понудата, малку истражував и заклучив дека станува збор за клубови со големи амбиции. Пријателите во фудбалот ми кажаа убави работи за Шкендија и Тетово. Се надевам дека ќе им овозможам на сите убави денови тука“, изјави Бамба.

Пред Умранијаспор тој го носеше дресот на Конгвсингер, Кристијанстунд и Бран од норвешка, турски Алтај и бугарската ЦСКА Софија.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани