334
Вицешампионот од последната сезона во ПМФЛ, екипата на Шкендиај потврди дека се разделува со напаѓачот Ералд Чинари.
Албанскиот напаѓач дресот на тетовскиот клуб го носеше 18 месеци и заминува откако му истече договорот.
„Шкендија му се заблагодарува на Ералд Чинари за придонесот кој го даде во нашиот тим. Неговиот придонес на теренот, но и надвор од него беше драгоцен и значеше многу во постигнатите резултати.
Му посакуваме успех во неговите идни предизвици, убедени сме дека на одличен начин ќе ја продолжи својата кариера“, стои во соопштението од Шкендија.