Надежите до 17 години со победа ги завршија квалификациите за Европското првенство

by Стефан
0 минути читање

Фудбалерите до 17 години денеска во Рејкавиќ го одиграа последниот натпревар од квалификациите за ЕП и во него ја победивме Естонија со 2-4.

Македонските млади фудбалери во првите две кола претрпеа убедливи порази од Шпанија и Словачка успеаа да слават над Естонија во еден ефикасен натпревар со шест погодоци.

Квалификациите ги завршуваме како трети во групата со три бода, колку што има Естонија зад Шпанија и Исланд кои се со по три повеќе.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани