Селекторот на Германија, Јулијан Нагелсман е среќен по изданието на неговите избраници против Шкотска во кое победија со 5-1.
Домаќинот имаше фуриозен старт на Светското првенство, изгледаа моќно во текот на целиот натпревар и на крајот славеа убедлива победа која дополнително им ја зголемува самодовербата.
„Во првите 20 минути бевме многу добро. Шкотска имаше почит кон нас и веројатно по постигнатите два гола имаа уште поголема почит. Првиот гол беше многу добро одигран. Не беше лесно да се постигне бидејќи имаше многу шкотски играчи. Важната работа е дека постигнавме многу голови“, вели Нагелсман.
„Го направивме нашиот прв чекор и треба да градиме на тоа. Ќе направиме се што можеме да победиме и во Штутгарт. Сега ќе им дадам одмор на фудбалерите, а потоа во недела ќе ги почнеме подготовките за Унгарија. Тимот ми даде многу енергија, забавно е со оваа групна на фудбалери. Тимот одигра многу добро и јас сум среќен поради тоа“.
„Не сакам да бирам индивидуалци. Овие фудбалери заслужуваат да се репрезентативци, но нивните патишта се различни. Се работи за колективот. Фудбалерите направија се за колегата до нив да изгледа добро. Веројатно фановите сега веруваат повеќе во нас отколку пред овој натпревар“.