55
Дербито на данскиот шампионат меѓу Бронби и Копенхаген започна со задоцнување поради однесувањето на навивачите.
Хулиганите на двата тима имаа близок судир, иако беа поставени на двете спротивни страни зад головите. Домашните навивачи на Бронби влетаа во терен и тргнаа кон противниците.
Почнаа да летаат факели и столчиња, а дел од навивачите на Копенхаген се симнаа на теренот и сакаа да се пресметаат со домашните. Стартот на натпреварот беше поместен, а дури и по почетокот имаше уште еден прекин поради пиротехника.