Навивачите ќе бидат воодушевени: Лапорта откри што направи Левандовски во тешките моменти за Барса

by Стефан
1 минути читање

Првиот човек на Барселона, Жоан Лапорта откри дека Роберт Левандовски бил спремен да направи голем гест во тешките моменти за каталонскиот гигант.

Во Барселона се уште не можат да се опорават од финансиските проблеми, па на почетокот на сезоната беше проблем и регистрацијата на Дани Олмо.

На крајот Олмо беше регистриран откако Андреас Кристенсен се повреди и остана надвор од списокот. Левандовски во тие моменти се понудил да помогне.

„Навистина сакам посебно да го спомнам затоа што покажа дека Барселона за него е повеќе од само клуб. Кога слушна дека мораме да направиме уште нешто за да останеме во границите на финансискиот фер-плеј се понуди да му биде намалена платата“, изјави Лапорта.

Левандовски во Барселона добива висока плата и каталонскиот гигант за неговите примања исплаќа бруто плата од 33 милиони евра.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани