365
Навивачите на Шведска на спектакуларен начин се „збогуваа“ со Златан Ибрахимовиќ, а денешниот натпревар кој Србија го доби во Стокхолм со 0:3 беше организиран токму во негова чест.
Ибрахимовиќ се појави на теренот на крајот од натпреварот, додека од трибините навивачите му истакнаа транспарент на кој имаше илустрација на неговиот епски гол против Англија.
Најдобриот фудбалер во историјата на Шведска секако беше поздравен и со силни овации.