Навивачите на францускиот великан „се тресат“, а газдата сигурен: Кажете му на цел свет, Лион нема да биде исфрлен од лигата!

by 24 фудбал
1 минути читање

Францускиот великан Лион се соочува со сериозен проблем и има долг од 508 милиони евра. Француската финансиска агенција – ДНЦГ му врачи опомена на сопственикот дека ако не ги подмири долговите, клубот ќе биде исфрлен од лигата.

Навивачите се во паника дека гигантот ќе заврши меѓу второлигашите, но првиот човек на клубот Џон Текстор ги смируваше на долга прес-конференција.

Во ДНЦГ има интелигентни луѓе, но работат во систем кој не им дава да видат што навистина правиме. Се загубија гледајќи ги нашите финансиски извештаи. Нема да бидеме исфрлени, нема шанси да се случи тоа. Кажете му на цел свет дека Лион нема да биде исфрлен од лигата“, кажа Текстор.

Во сопствеништво на Текстор е и бразилскиот клуб Ботафоро, како и 45% од премиерлигашот Кристал Палас. Со пренасочување на фондови и продажба на играчи и во тие клубови, Лион може да ги избалансира книгите.

Сепак, неминовно е продавање на главните ѕвезди оваа зима и тоа по намалени цени.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани