Во еден момент од прославата пред навивачите на балконот излезе и Хрватот Лука Модриќ.
Иднината на Модриќ во Реал не е сигурна, неговиот договор завршува на крајот на актуелната сезона и би можел да замине. Меѓутоа ако се прашуваат навивачите тие немаат дилеми дали треба да остане.
„Здраво мадристи. Благодарен сум што дојдовте тука и што ни дававте поддршка во текот на целата сезона“, изјави Модриоќ по што следеа силни овации и порака да остане во клубот.