Стивен Џерард е под голем притисок, навивачите на Ал-Етифак од една страна бараат отказ за Англичанецот, а од друга страна велат дека тој само чека да го добие за да им ги земе парите.
Ал-Етифак игра очајно, а кулминацијата на лошите резултати се случи во купот кога испаднаа од просечен второлигаш.
„Стивен е одамна пропаднат тренер. Фрливме пари на него, а сега чека да го избркаме, за да ни ги собере парите и да замине на одмор. Не е загрижен ниту за клубот, ниту за резултатите. Ќе ги земе парите и ќе се врати во Англија“, велат навивачите.
Ако добие отказ, Џерард ќе добие и огромно обештетување со оглед на тоа што добива плата од 15 милиони фунти по сезона.
Џерард го предводеше тимот на 46 натпревари, при што запиша само 17 победи, 14 ремија и 15 порази.