ПСВ Ајндховен е нова можна дестинација за хрватскиот ветеран Иван Перишиќ.
Крилниот фудбалер се раздели со Хајдук на крајот на преодниот рок, се очекуваше да потпише со италијански Комо, меѓутоа трансферот пропадна. На крајот Перишиќ остана слободен агент и бара нов клуб.
Според Фабрицио Романо, ПСВ работи на постигнување договор со Перишиќ. Хрватот е голема желба на холандскиот тим кој ќе се натпреварува во Лигата на шампионите. Сепак, дури и да потпише со ПСВ фудбалерот нема да може да настапува бидејќи не е регистриран за првиот дел од сезоната.
Во својата кариера Иван Перишиќ преку Сошо и Роселар дојде во Клуб Бриж. Во 2011 година се пресели во Борусија, а потоа играше за Волфсбург. Следеше трансфер во Интер, беше позајмен и во Баерн, пред да направи трансфер во Тотнем. На крајот беше позајмен во Хајдук. а потоа потпиша и перманентен трансфер бесплатно.