150
Почна новата сезона во втората Бундеслига каде што игра македонскиот репрезентативец, Висар Муслиу во дресот на Падерборн.
Тој и неговиот тим имаа старт на сезоната каков што само може да се посака, славеа гостинска победа кај славната Херта.
Муслиу стандардно го одигра целиот натпревар за Падерборн и беше меѓу најдоро оценетите.
Геце и Билбиља ги постигнаа головите за Падерборн, Херта успеа да намали во финишот од мечот преку Маза.