21-годишниот Џамал Мусиала веќе постигна два гола на Европското првенство за Германија, тој е еден од најперспективните фудбалери на Баерн Минхен и во националниот тим.
Интересно, Џемал Мусиала првите фудбалски чекори ги научил од македонскиот тренер, Бранко Миленковски.
Мусиала е роден во Штутгарт, а кога имал само две години неговото семејство се преселило во градот Фулда. Таму тој покажал интерес за фудбал, а родителите решиле да го запишат во школата на ТСВ Ленерц.
Тренер на Мусиала таму му бил Македонецот, Бранко Миленковски.
„Мусиала го предводеше тимот до седум години до титула на локален турнир, а на секој од натпреварите постигнуваше меѓу пет и 10 голови. Поради тоа решивме да му дадеме шанса да игра за поголемите момчиња. Џамал е неверојатен талент. Тој танцуваше околу останатите играчи на теренот“, изјавил Миленковски за германскиот репрезентативец.
Во Ленерц останува две години, потоа тој со неговото семејство се сели во Англија. Една година е во школата на Саутемптон, па преминува во Челси каде останува во младинскиот погон на сините цели осум години.
Мусиала има и англиско државјанство, па можеше да бира дали ќе игра за Англија или Германија. Јасен е неговиот избор.
Обложувај се онлајн на натпреварите од ЕП на Моцарт и добиј бонус до 400 евра, регистрирај се ТУКА