Един Џеко беше херој на Фенербахче во победата над Лугано (3-4) во квалификациите за Лигата на шампионите.
Откако постигна хет-трик, на прес-конференцијата Жозе Мурињо доби прашање токму за босанскиот напаѓач. Тој се надоврза на својата младост и нагласи дека би добивал црвени картоно за однесување како Џеко.
„Џеко одигра многу, многу добро. Да дадеш три гола во било кој натпревар е фантастична работа. Тој човек не старее. Ме потсеќа на мене кога бев млад. Премногу зборува, премногу се жали. Има емоција на младо момче и среќен е, бидејќи кога јас правев такви работи, секогаш добивав црвен картон“, изјави Мурињо.
Фенербахче следната седмица ќе го дочека Лугано во реваншот за пласман во третото квалификациско коло на елитното натпреварување.