Фенербахче загуби во дербито со Галатасарај 3-1 во турската Суперлига.
Португалскиот тренер на Фенер, Жозе Мурињо неколку денови по натпреварот реши да упати критики до организаторот. Се работи за прес-конференцијата за која според зборовите на Португалецот, тој морал да чека повеќе од еден час.
„Никогаш во 24 годишната кариера не сум избегнал прес-конференција, особено не по пораз. Никогаш не ми било страв од новинарски прашања.
Нема никаква смисла да се чека 75 минути за почеток на прес-конференција. Натпреварот заврши, им честитав на противниците, дадов и кратка изјава на теренот. Потоа се обидов да си одам во собата, меѓутоа не ми дозволија. Морав да чекам преку еден час за прес-конференцијата. Тоа нема врска со резултатот, едноставно не е во ред. Жал ми е, но тоа е непочитување. Чувствувам дека не ме испочитуваа“, изјави Мурињо.
Мурињо нагласи дека се почувствувал непочитувано поради потегот на домашниот тим.