Жозе Мурињо има големо влијание во кој клуб и да отиде, освен на локално ниво, дури и на трансфер пазарот.
Сега Португалецот се надева дека ќе го искористи своето влијание и во Фенербахче ќе привлече уште едно големо европско име. Се работи за Кристијан Ериксен, играчот за врска на Манчестер Јунајтед кој играше доста сезонава под водство на Ерик Тен Хаг.
Мурињо се надева дека ќе го убеди Ериксен дека е време за трансфер во Турција уште во јануари. Фенербахче ќе ја претстави својата понуда до Јунајтед, а многу ќе зависи од новиот тренер Рубен Аморим кој неодамна го презеде клубот.
Интересна ситуација е што Мурињо е незадоволен од ситуацијата во турскиот фудбал и размислува за заминување, но и покрај тоа влече потези и играчи кон Фенербахче.