Жозе Мурињо денеска беше презентиран како нов тренер на Фенербахче, вистинска еуфорија владееше меѓу фановите на овој турски клуб кои го пречекаа Португалецот како Бог.
Презентацијата се одвиваше на стадионот на Фенербахче, Мурињо говореше и често беше прекинуван од скандирање на навивачите.
„Нормално, тренерите се сакани откако ќе донесат победи. Тука чувствувам љубов дури и пред да дојдат победите. Овој дрес сега е моја кожа. Фудбалот е пасија, и нема подобро место да се почувствува таа пасија отколку тука“, вели Мурињо.
„Сакам да му помогнам на турскиот фудбал да напредува, но мојот приоритет не е турскиот фудбал, мојот приоритет е Фенербахче. Од моментот кога го потпишав договорот, вашите соништа се и мои соништа“.