Мурињо: Луѓето од Фенер ми ја кажаа половина од вистината, ако ми ја кажеа целата вистина – немаше да дојдам!

by riste
2 минути читање

Фенербахче со гол на Амрабат во 102. минута победи на гостувањето кај Трабзонспор со 3-2, а по мечот Жозе Мурињо распали со изјави против состојбите во турскиот фудбал.

Фенербахче години наназад има проблем со судењето, минатата сезона дури имаа и состаноци за евентуално напуштање на турското првенство, но логично беше да останат и тоа се случи.

Оваа година е исто, а сега и Жозе Мурињо го почувствува тоа. Тој и сите во Фенербахче сметаат дека лидерот Галатасарај има политичка поддршка и поради тоа тешко е регуларно да се игра првенството.

„Луѓето од Фенербахче ми ја кажаа половина од вистината, доколку ми ја кажеа целата, што се се случува тука, немаше да дојдам“, вели Мурињо.

„Ние не играме само против противникот на теренот, играме против системот, се бориме против системот. Денеска игравме против Трабзонспор кој е многу добар тим, против судиите, против ВАР, против целиот систем, затоа и толку се радувавме кога победивме“.

„Системот може мене ќе ме казни и ќе ме замолкне. Но, јас сум од друга земја, вие сте тие кои треба да зборувате за да се промени нешто во турскиот фудбал“.

Колку му значеше оваа победа на Мурињо може да се види и од оваа реакција по која го навлече гневот на домашните фанови и предизвика инцидент:

Целото интервју на Мурињо:

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани