По 120 минути игра Фенербахче и Лил одиграа 1-1, а тоа беше доволно за францускиот тим да се пласира во плеј-офот за влез во Лигата на шампионите, тимот на Мурињо ќе треба да се задоволи со борба за Лига Европа.
Лил во натпреварот влезе со победа од 2-1 од првиот натпревар, на Фенербахче му беше потребен триумф.
Резултатот беше 0-0 се до 91. минута кога Диаките си даде автогол за водство на Фенербахче од 1-0. Со тој резултат заврши регуларниот дел, па се премина на продолженија.
Fenerbahce score in the last minute to push it to extra time! pic.twitter.com/ot6KBt9Jyf
— IM🇵🇹 (@Iconic_Mourinho) August 13, 2024
Во 109. минута Манди доби црвен картон, Лил остана со фудбалер помалку, но само седум минути подоцна Французите добија пенал по игра со рака на Остерволде. Давид го реализираше пеналот за израмнување на 1-1.
Течеа последните моменти од мечот, кога Фенербахче пропушти огромна шанса, Тосун биеше со глава, ја погоди пречката од голот на Лил. Резултатот остана 1-1.