Мурињо за одлуката поради која жали многу: Погрешив, пресудија емоциите а не разумот

by bojan
1 минути читање
Мурињо

Жозе Муруњо вели дека жали поради одлуката да ја одбере Португалија и да остане во Рома, вели дека погрешил што дозволил емоциите да пресудат а не разумот.

На крајот од 2022 година, на Жозе Мурињо му се укажа шанса да стане селектор на Португалија, но стратегот тогаш реши да остане верен на Рома.

Речиси една година подоцна, „специјалниот“ доби отказ од „волчицата“ и на негово место беше поставен Даниеле Де Роси.

Па, Жозе Мурињо сега вели дека жали што го одбил националниот тим на својата држава.

„Жалам што ја одбив Португалија. Во два наврати имав шанса да бидам селектор, но некако понудите пристигнаа во лош тајминг“ – вели Мурињо.

„Дозволив емоциите да пресудат а не разумот кога го одбив последниот предлог, тогаш решив да останам во Рома, и веројатно погрешив“.

„Португалија сега има фантастичен тим, еден од најдобрите, помеѓу топ 5 во светот. Го знаев тоа, но чувствував голема поврзаност со Рома, со Рим и со навивачите“.

„Мислам дека ќе ми се укаже и трета шанса и ќе ја зграпчам. Се надевам дека генерацијата која ќе ја имам ќе биде силна како оваа“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани