Португалскиот фудбалски стратег Жозе Мурињо од следната сезона ќе работи како тренер на Фенербахче.
Искусниот стручњак по елиминацијата на Европското првенство на неговата Португалија реши да даде свое видување. Тој нагласи дека уште пред првенството нешто не му делувало како што треба во националниот тим.
„Португалија не беше фантастична и покрај тоа што играше четвртфинале. Очекувавме повеќе. Бев на пријателскиот меч против Хрватска пред Европското првенство. Уште тогаш не ми мирисаше на добро. Немав некое добро претчувство. Во текот на турнирот екипата добро туркаше, но тоа не беше уверливо“, изјави Мурињо.
Инаку, Португалија во квалификациите за Европското првенство беше најдобрата репрезентација, со максимален број на победи во групата.