Фенербахче со 4-3 победи на гостувањето кај Лугано во квалификациски меч од Лигата на шампионите, Един Џеко постигна три од погодоците на турскиот клуб.
Жозе Мурињо денеска го имаше своето официјално деби како тренер на Фенербахче, дебитираше со гостинска победа.
Мечот не почна најдобро за Фенер, по само четири минути игра Ел Вафи погоди со глава за водство на Лугано од 1-0.
Тој резултат беше актуелен се до судиското продолжение од првиот дел кога Џеко од пенал погоди за израмнување на 1-1.
По неколку секунди игра во второто полувреме, Тадиќ убаво асистираше до Џеко кој погоди за комплетен пресврт и водство на Фенербахче од 2-1.
Турскиот тим се опушти по водството и прими гол во 64. минута од Бислими за израмнување на 2-2.
Само четири минути подоцна Џеко даде нов гол, за негов хет-трик и водство на Фенербахче од 3-2.
Во 74. минута Кадиоглу постигна убав гол од далечина за предност на Фенер и од 4-2, тука беше решено прашањето за победникот, но тоа не беше се.
Пред последниот судиски свиреж Валенцуела даде гол за конечни 4-3. Гол кој носи каква таква надеж за Лугано во реваншот.
Мурињо може да биде задоволен од офанзивата, но не и од одбраната која не беше на високо ниво на овој натпревар.