Жозе Мурињо вели дека во наредните две недели ќе одлучи кој ќе биде неговиот следен клуб.
Португалскиот стратег ова лето се очекува да се врати на работа, но нејасно е во кој клуб ќе биде тоа. Неизвесноста нема да трае уште долго, Мурињо најави дека наскоро ќе одлучи каде ќе продолжи.
„Време е да донесам одлука. Досега ги слушнав сите понуди и имав состаноци со сите. Тоа е знак на почит. Сега ќе зборувам со луѓето кои се важни за мене. Треба да одлучам во наредните две недели. Време е за одлука“, рече Мурињо.
За Мурињо има интерес од клубовите од Саудиска Арабија, од Турција, но европските гиганти претежно се одлучуваа за млади и недокажани тренери. Па засега е мистерија која ќе биде новатта дестинација на Португалецот.