391
Кандидатот за претседател на Фенербахче, Азиз Јилдирим открива дека Жозе Мурињо побарал клубот да му ги донесе Ромелу Лукаку и Пауло Дибала ова лето.
Мурињо денеска ќе биде претставен како нов тренер на Фенербахче, а Португалецот веќе соопштил дел од своите барања за нови засилувања.
„Мурињо го сака Ромелу Лукаку. Исто така го побарал и Пауло Дибала. Исто така сака да дојдат и Талиска и Сорлот“, открива Јилдирим.
Жозе Мурињо беше главниот виновник што Лукаку и Дибала потпишаа за Рома, останува да се види дали Португалецот може да ги убеди да го следат и во Истанбул.