Тимот на Тиквеш вечерва ја победи Воска Спорт со 2:1 така го освои својот прв куп трофеј во историјата и тоа секако донесе големо задоволство во редовите на тимот од Кавадарци.
Тренерот Ѓорѓи Мојсов по средбата порача дека ова не е нешто што доаѓа преку ноќ и дека работеле напорно во текот на целата сезона,
„Морам да го спомнам мојот цел стручен штаб, докторите…сите нас не спомнуваат, но и тие се многу заслужни. Од почетокот го посакувавме овој трофеј и од самиот старт покажавме една напаѓачка игра. Заслужено го освоивме трофејот, игравме одлично од првата минута. Ова не е работа што доаѓа преку ноќ, ние од почетокот на сезоната зборуваме дека ако играме како што знаеме, а тоа е напаѓачки, можеме да победиме секого.
Во второто полувреме Воска по грешката на голманот Ренер постигна гол на надеж, но до крајот Тиквеш не дозволи некаква драма.
„Голот малку не раздрма, бидејќи дојде од никаде. Но, на крајот Ренер извади една тешка топка и тој е одличен голман, можеби најдобар во македонската лига. Ова е прв трофеј во историјата, но нема да застанеме тука. Сезонава завршивме како четврти, а ако го задржиме составот, ќе одиме и на повисоко место“, порача Мојсов