Фудбалскиот клуб Вардар попладнево објави дека клубот добил финансиска поддршка од градоначалникот на Општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски.
Вардар во недела на 26. мај ќе игра против Детонит Плачковица во битка за останување во друштвото на најдобрите.
Клубот и во оваа ситуација како и претходно кога пристигнуваше помош изрази благодарност за пријателскиот чин.
„На денешниот тренинг на тимот, присуствуваше и градоначалникот на Општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, во знак на поддршка пред најважниот натпревар сезонава против екипата на Детонит Плачковица.
Како и минатата година, пред историскиот натпревар во Кавадарци, така и оваа, на иницијатива на градоначалникот Орце Ѓорѓиевски ќе бидат доделени финансиски средства за ФК Вардар, во знак на искрена помош и поддршка за нашите фудбалери пред најважните 90 минути.
Во името на клубот, се заблагодаруваме за пријателскиот чин со кој уште еднаш се потврди тезата дека љубовта кон големиот Вардар е нешто кое не обврзува сите!
Народот го брани својот клуб!“, објави Вардар.