Eкипата на Јувентус со утрешниот натпревар против Комо ќе ја стартува новата сезона во Серија А.
Тренерот на Јувентус, Тијаго Мота денеска уште еднаш потврди дека не смета на фудбалерот од средниот ред Федерико Киеза.
Мота претходно најави дека не смета на италијанскиот репрезентативец кој има договор со клубот до јуни 2025 година.
Одредени италијански медиуми пренесуваа дека ситуацијата се променила, но Мота сега потврди ситуацијата е иста.
„Разговаравме. Тоа е доказ на почит која ја имам кон сите. Транспарентност, едноставно на тој начин комуницирам со своите фудбалери. Нашиот став за Киеза не се променил. Тој не е дел од нашите планови“, ијзави Мота.
Во медиумите се пишува дека Јувентус во овој момент има неколку понуди за Киеза кој во минатата сезона одигра 37 натпревари и постигна десет гола.