Тијаго Мота со триумф од 3-0 над Комо ја почна својата работа на кормилото на Јувентус, ова беше прв меч за Сеск Фабрегас како тренер во Серија А, нема да го памети по добро.
Јувентус важеше за голем фаворит на овој меч, а таков беше и односот на силите на теренот. Иако поседот не се разликуваше многу, гигантот беше оној кој создаваше шанси.
Резултатот беше отворен во 24. минута кога по асистенција од Веа, младиот Мбангула даде гол за водство на Јувентус од 1-0.
Пред самиот крај на првото полувреме и Веа постигна гол по додавање од Јилдиз за предност од 2-0.
На почетокот од вториот дел Влаховиќ постигна гол, но погодокот му беше поништен поради офсајд.
Во судиското продолжение од натпревар, Камбијасо постигна убав гол од далечина за конечни 3-0.