Мота испиша историја со составот на Јуве кој го одбра за мечот со Комо

by riste
1 минути читање

Тијаго Мота имаше одлично деби како тренер на Јувентус откако го совлада Комо со 3-0, но веројатно тогаш и не беше свесен дена урива еден интересен рекорд.

Имено, составот на Јувентус кој играше против Комо беше најмладиот во историјата на клубот од Торино во Серија А откако се пресметуваат три бода за победа.

Стартниот тим на Јувентус на тој меч имаше во просек 24 години и 122 дена, со што беше надминат претходниот рекорд кој беше од 1998 година кога составот на Марчело Липи имаше 24 години и 340 дена.

Најстариот фудбалер беше Глеисон Бремер со 27 години, а најмлад Кенан Јилдиз со 19.

Рекордниот тим на Јувентус: Ди Грегорио (27), Камбијасо (24), Бремер (27), Гати 26), Кабал (23), Локатели (26), Турам (23), Веа (24), Јилдиз (19), Мбангула (20), Влаховиќ (24).

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани