415
Тијаго Мота наскоро треба да биде промовиран за нов тренер на Јувентус, а во преговорите тој имал барање до директорот на Јувентус, Кристијано Џинтоли.
Мота сака да се задржат двајца фудбалери кои се на излезна врата, тоа се Адриен Рабио и Глеисон Бремер.
Актуелниот договор на Рабио истекува ова лето, Мота сака Французинот да биде задржан, па Џинтоли ќе му понуди нов двегодишен договор со плата од 7 милиони евра по сезона.
Мота бара од раководството на Јуве да најде начин да го задржи и Бремер, тој не сака дефанзивецот да биде продаден во наредните месеци.