Мората потврди: Правам трансфер во Милан!

by 24 фудбал
1 минути читање

Алваро Мората се прости од соиграчите, тренерскиот тим и челниците на Атлетико Мадрид. На излегувањето од тренинг центарот го сопреа новинари и му поставија неколку прашања.

Како што веќе беше познато, тој потврди дека ќе се пресели во Милан. „Росонерите“ ќе платат 13 милиони евра за откупната клаузула, а Шпанецот добива четиригодишен договор.

Ќе треба да ги минам медицинските тестови, но да, ќе се приклучам на Милан. Се збогував со соиграчите, Симеоне, челниците на Атлетико… Подобро е да заминеш кога мислиш дека немаш што повеќе да понудиш. Го освоив Европското првенство како играч на Атлетико Мадрид“, изјави Мората.

Мората во минатото имаше искуство во Италија каде што играше за Јувентус. Сега повторно европскиот првак со Шпанија ќе игра во калчото.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани