Алваро Мората се сместува во Милано и во новата средина Милан по трансферот од Атлетико Мадрид.
Тој пронајде нов дом и веќе се пресели во него, а се работеше за куќа во општината Корбета. Се работи за место кое има 18.000 жители и е дел од околината на Милано. Сепак, Мората бргу мора да се отсели од оваа населба, а причината е бизарна.
Имено, градоначалникот на оваа општина Марко Баларини на својот официјален профил објави дека е горд што Мората живее во неговото место. Интересно е дека градоначалникот е навивач на Интер, а тој нагласи дека и покрај тоа му е чест да има европски првак во својата општина.
Поради тоа што живеалиштето на Шпанецот стана јавно знаење, нему му е нарушена приватноста и тој му одговори на Баларини:
„Драг градоначалнику, ви благодарам што ми ја нарушивте приватноста. Среќа во куќата немам ништо вредно. Единственото богатство се моите синови и нивната безбедност, која повеќе не им е гарантирана. Верував дека Корбета ќе ми пружи приватност, но сега сум принуден да го менувам домот поради вашата неспособност да ги користите социјалните мрежи и да ги штитите вашите граѓани“, напиша Мората..