Монако се радуваше против Барселона, Раја не дозволи Арсенал да биде поразен (ВИДЕО)

by Стефан
1 минути читање

Најголемото изненадување во вечерашните натпревари од Лигата на шампионите го приреди екипата на Монако која на свој терен славеше победа против Барселона со 2:1.

По само 11 минути игра започнаа проблемите за избраниците на Ханси Флик откако Ерик Гарсија заработи директен црвен картон и предвреме беше испратен во соблекувалната.

Не помина многу време, Монако само пет минути подоцна дојде до гол за водство преку Магнес Аклиуче.
И со играч помалку Барселона успеа да дојде до гол преку неверојатниот Ламин Јамал. Младиот Шпанец успеа одлично да погоди во 28. минута. На пауза се замина со резултат 1:1.

Во вториот дел Барселона изгледаше сигурно и покрај тоа што беше со играч помалку, меѓутоа одбраната попушти во еден момент, а тој беше доволен за победа на Монако. Илхеначе излезе „еден на еден“ со Тер Штеген на 20-тина минути до крајот и постигна гол за победа.

Атлетико Мадрид со 2:1 славеше победа над Лајпциг на Елиф Елмас. Елмас доби прилика во завршните 10-тина минтуи кога влезе на местото на Чави Симонс.

Аталанта и Арсенал одиграа без голови, додека Брест беше подобар од Штурм Граз со 2:1.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани