445
Бразилецот Винисиус Жуниор беше вистински кошмар за Џошуа Кимих во вчерашното полуфинале од Лигата на шампионите. Бразилскиот фудбалер доби низа дуели, но и повторно го покажа своето провокаторско однесување.
Реал Мадрид водеше со 2:1, Баерн очајнички се обидуваше да дојде до израмнување, мрежата ја погоди и преку Де Лихт, меѓутоа тој гол не беше приизнат.
На социјалните мрежи сега се појави едно видео од завршницата кога Винисиус го провоцираше Кимих. Ваквото однесување наиде на одобрување кај фановите на Реал Мадрид, меѓутоа оние на Баерн и неутралните го опишуваат како неспортско.