Поранешниот италијански фудбалер Антонио Касано често се наоѓа во центарот на вниманието на јавноста поради своите изјави.
Така беше и овојпат, а сега мета му беше еден од најдобрите фудбалери на светот Кристијано Роналдо. Касано зборуваше дека Португалецот не знае да игра тимски, туку единствено размислува за постигнување на голови, а наброја играчи кои подобро функционираат во тим од него.
„Кристијано Роналдо не знае да игра фудбал. Може да постигне 3000 гола, не ми е гајле. Игуаин, Агуеро, Бензема, Ибрахимовиќ и Суарез знаеја како може да се разиграат со остатокот од екипата. Знаат да играат, а на Роналдо единствената окупација му е голот“, изјави поранешниот италијански напаѓач
Касано од 2017 година е пензиониран, а во последно време често е гостин на разни емисии посветени на фудбалот во Италија.
Од друга страна Кристијано Роналдо и натаму е активен фудбалер, игра во Ал Наср и постигнува голови.